Паметно земјоделство, побезбедна работа, одржлив раст
Проектот AGRO-WELL, финансиран од Европската унија, има за цел да донесе суштинска промена во безбедноста и одржливоста на земјоделскиот сектор преку користење на напредни технологии како што се роботика, проширена реалност и вештачка интелигенција. Со справување со предизвиците карактеристични за овој сектор и промовирање на паметни земјоделски решенија, проектот има за цел да ја подобри безбедноста при работа, да овозможи поефикасно носење одлуки и да ги намали негативните влијанија врз животната средина, истовремено истражувајќи иновативни бизнис модели кои ќе ја поттикнат долгорочната трансформација на секторот.


Развивање и демонстрирање на решенија базирани на вештачка интелигенција (AI), проширена реалност (AR) и сензорска технологија за подобрување на работните услови во земјоделството
Анализа на потребите на земјоделците и нивно директно вклучување во процесот на развој на технологиите, со цел да се обезбеди нивна практична примена
Проценка на социјалното, економското и еколошкото влијание на дигиталните технологии врз земјоделците и руралните заедници
Развој на одржливи бизнис модели, едукативни материјали и препораки за политики кои ќе го поттикнат користењето на новите технологии
Мисијата на
AGRO-WELL
Проектот AGRO-WELL има за цел да го развие и унапреди користењето на иновативни технологии во паметното земјоделство со цел подобрување на работните услови, зголемување на безбедноста и постигнување на повисока одржливост преку активно вклучување на засегнатите страни, развој на одржливи бизнис модели и предлагање политики што ги поддржуваат овие цели. Основни активности на проектот се:
Решенијата на AGRO-WELL
Иновативните решенија развиени во рамките на проектот AGRO-WELL ќе бидат демонстрирани на четири различни локации, кои го претставуваат клучните под-сектори во земјоделството:
Производство на оворено, Овоштарници, Свињарство, Стакленици.

